FREE DELUVERY FOR ORDERS ABOVE 1000 den.

FREE DELUVERY FOR ORDERS ABOVE 1000 den.

Услови за користење

ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

Емаил: delivery@phg.com.mk

Телефон: 072 910 693

shop.phg.mk во сопственост на ПАРКЛЕН ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи online нарачки со достава на производите кои се достапни на оваа веб страна.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната shop.phg.mk, внимателно да ги прочитате.

ПАРКЛЕН ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на ПАРКЛЕН ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ и се заштитени со авторско право и сродните права.

Преземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерциални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна.

Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

Цените на сите производи на shop.phg.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

ПАРКЛЕН ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕСкопје, го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ПАРКЛЕН ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака, емаил адреса и телефонски број.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ПАРКЛЕН ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер ХАЛК БАНКА – Скопје.

Заштита на лични податоци

shop.phg.mk собира два вида на податоци, лични и не-лични.

Личните податоци се собираат кога корисноикот доброволно се регистрира за добивање на известувања за маркетинг цели или преку online системот за корисничка подршка и неопходни законски податоци кои се потребни за извршување и плаќање на нарачката. Корисникот е обврзан да обезбеди точни, прецизни и целосни лични информации кога ќе го пополнува формуларот за регистрација; Во случај кога Корисникот ќе приложи лажни, неточни или некомплетни податоци, shop.phg.mk го задржува правото да ги поништи и/или прекине информациите за неговата поштенска адреса и да го одбие неговиот пристап до дел или до сите услуги во иднина. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните во случај кога тоа ќе биде побарано од нас:
– За заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакцијa,
– Истрага на измама која веќе се случила…

shop.phg.mk го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ние не превзема никаква одговорност за истото.
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови.
За заштита и безбедноста на Вашите лични лични податоци се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери

shop.phg.mk има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

shop.phg.mk го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако shop.phg.mk прави било какви суштински промени, тоа ќе го објави на сајтот 10 дена пред промените да стапат на сила. Ако не се сложувате со промените можете да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови за користење и Политиката за заштита на лични податоци пред секое купување, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

Услови за испорака

Минимална сума за нарачка 600 МКД.

БЕСПЛАТНА достава за нарачки над 1000 МКД.

За нарачки 600-1000 МКД – трошок за достава 100 МКД

Трошоците за достава се вклучуваат во вкупниот износ на нарачката и ќе бидат наплатени заедно со производите кои сте ги порачале. При достава на нарачката не треба да се плати ништо дополнително на доставувачот.

Доставата се врши само во Скопје.

Работно време за достава на нарачки: 

Пон-Пет: 10:00 до 21:30 ч.
Саб-Нед: 13:30 до 21:30 ч.
Сите нарачки после 21:30 се доставуваат наредниот ден.

Кога успешно ќе се изврши трансакцијата во нашиот систем автоматски се проследува Вашата нарачка. Нарачката се пакува уредно во кеси/кутии и се предава на доставувачот кој ја испорачува според податоците наведени за доставување на пратката. Доставата во Скопје ја вршиме со наши сопствени возила. Доставата на производите во Скопје се врши најмногу во рок од 2 часа од моментот на потврда на примената нарачка. 

Исто така можете да купите производ за друго лице или за подарок и да ги наведеш податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката. Во процесот на нарачка во вториот чекор Детали на нарачка во Дополнителни информации може да се споделат повеќе детали. 

ЧПП

Веќе си во виртуелната продавница на Parkland To Go и можеш лесно да ги пребараш производите кои ти се потребни. Кога ќе го најдеш производот кој сакаш да го купиш, ги селектираш варијаблите кои се дадени да се изберат за производот на пример количина, итн. Потоа со еден клик го додаваш производот во својата кошничка. Во кошничката можеш да додадеш онолку производи колку што сакаш да купиш. Откако ќе ја наполниш својата кошничка со сите производи кои си ги одбрал можеш да продолжиш кон процесот на наплата и внесувањето на податоците за доставата. Кога ќе се изврши наплатата ние го припремаме производот за испорака и истиот ти го испорачуваме до врата согласно правилата за испорака.

За да купуваш на shop.phg.mk не е потребно да имаш кориснички профил. Доволно е само да го внесеш својот e-mail. 

Не, нарачките се прават само онлајн. Секако, доколку имаш проблем со нарачката, нашата служба за Грижа на корисници ќе направи сè што може за да ти го олесни купувањето. Јави се на нашиот контакт телефон +389 72 910 693 или пиши ни на нашата контакт e-mail адреса delivery@phg.com.mk.

Работното време на Грижата на корисници на е од 09:00 до 16:00 секој ден во текот на работната недела. Се трудиме да одговараме на сите пораки во текот на 24 часа. Се извинуваме ако сè уште немаш добиено одговор, ќе Ви одговориме најбрзо што можеме.

Во моментот кога успешно ќе ја завршиш процедурата за купување на производот на твојата e-mail адреса, која ја имаш оставено при купувањето, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека продажбата е успешно направена. По купувањето ќе бидеш пренасочен/а на екран каде пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. По успешната трансакција ќе добиеш SMS на твојот телефонски број од страна на твојата банка доколку банката ја нуди оваа опција.

Ако ти се појави порака дека плаќањето е неуспешно, односно не може да се реализира трансакцијата, најпрво провери дали успешно и точно си ги пополнил/а сите празни полиња со податоците за плаќањето, дали е сè во ред со твојата картичка, провери ја важноста на картичката и дали имаш доволно средства за да се изврши купувањето. Ако твоите податоци се успешно внесени и сè е во ред со твојата платежна картичка , тогаш најверојатно проблемот е технички. Исконтактирај нè на delivery@phg.com.mk за да можеме да ја провериме трансакцијата и да го решиме проблемот.

Цените на сите производи се изразени со вклучен ДДВ.

Можеш да купуваш со сите кредитни и дебитни платежни картички од сите банки (Visa, Master Card, Maestro), само доколку твојата банка одобрува плаќање на интернет со твојата платежна картичка. Доколку имате дополнителни прашања контактирај ја својата банка за подетални информации.

Не, принципот на плаќање во нашата продавница е само електронски со картичка.

Секоја трансакција на shop.phg.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Халк Банка. Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка. Во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи.

Нарачки
We use cookies to improve your experience on our website. By browsing this website, you agree to our use of cookies.
Start typing to see products you are looking for.
Мени
0 items Нарачка
Мој Профил

Најава

Не сте регистриран?